Според известувањата, борците на ИСИС ги бричат своите бради и се облекуваат како жени во надеж да избегаат од Сирија, како што Русија сѐ повеќе напредува во својата воена кампања во поддршка на претседателот Башар Ал Асад. Фотографиите, за коишто се тврди дека се направени минатата недела во близина на Алепо, покажуваат нешто што личи на купишта брада, заедно со фрлени пакетчиња жилети.

br01

Со цел незабележани да ја минат границата и да влезат во Турција, џихадистите од ИСИС наводно си ги бричат брадите и се маскираат со никаб – вел кој покрива сѐ освен очите на муслиманските жени.

Известувањата за бегството на џихадистите на Исламската Држава започнаа откако најмалку четириесет членови на групата биле убиени за време на воздушниот напад во Хама, западно-централна Сирија.

Сликите биле споделени во недела на Твитер од страна на Хала Џабер, новинар на Сандеј Тајмс, кој се повикал на Лит Абу Фадел, главен уредник на веб страната Ал-Масдар Њуз на англиски јазик.

Џабер ги постирал сликите со насловот: „Фотографии кои очигледно прикажуваат оставени бради кои бунтовницие ги избричиле бегајќи од Сирија во Турција.“

br02

Сликите биле споделени од стотици корисници на Твитер, при што многумина одговориле со исмевање на ИСИС, истакнувајќи го лицемерието на „светите воини“ кои бегаат како жени кога ќе се соочат со вистинска опасност.

br03

Сподели на Facebook
пати видено