Маж и жена од Квинсленд, Австралија малку се исплашиле кога нивното милениче Изи изчезнало. Тие почнале да го бараат и го пронашле на најнеочекуваното место.
Изи се криела во џеб од маса за билијард. Питонот од 2 метра играл криенка со своите сопственици така што излегувал од дупките на масата за билијард и ги „ѕиркал“. Сопственичката Џанел Вестон изјавила дек нивната змија често е „дрска“, но овој пат ја надминала границата.
Бидејќи се заглавила во масата, сопствениците заедно со специјална служба за фаќање на змии морале да ја растурат дел по дел, за да ја извадат тврдоглавата Изи.