Си лежи Пејо на сенка на стомак и вика по жената:
– Женоо, женоо, донеси еден лист, линијар и молив!
Носи жената, а тој и вели:
– Нацртај прво 5 хоризонтални линии и пред нив напиши а б в г д.
Жената црта и пишува.
– А сега нацртај пет вертикални линии и над нив напиши 1 2 3 4 5.
Жената го прави и тоа и прашува:
– И сега што да правам со ова?
– Сега стави го листот на мојот грб и почешај ме на г4!