Двајца мажи биле на службено патување со своите млади колешки. На враќање едниот му вели на другиот:
– Еееех, колега, после вакво божествено патување, како сега ќе си легнам до жената…
– Лесно… си легнуваш, ги затвораш очите и си мислиш на најзгодната колешка.
По неколку дена се среќаваат.
– Како е? – Прашува едниот. – Како си помина со жената?
– Аааа, голема кавга настана. Си легнавме, почнавме ова-она, ги затворив очите и си мислам на колешката како што ме посоветува то… но, по некое време ги отворам очите и што да видам – мојата и таа ги затворила очите, мамичето нејзино!