Си разгледувам јас во една продавница за рибарска опрема и влегува еден пар. Мажот ѝ покажува на жената една јадица и вели:
– Жено, еве ваква јадица сакам да ми купиш за подарок.
Сопругата го прашува продавачот:
– Колку чини?
– 1000 денари.
Потоа го прашува мажот:
– Не е ли малку скапа драги?
– Скапичка е но затоа пак е многу квалитетна.
Ја плаќаат и излегуваат. Веднаш се истрчувам и јас по исто таква квалитетна јадица, но продавачот ме пречекува со зборовите:
– Извинете, јадицата чини 6000 денари. Човекот дојде пред 1 час и остави 5000. Останатите 1000 беа за пред жена му…