Мажот ја задавил жената и судијата го прашува зошто:
– Почитуван господин судија, си седам јас една вечер и си гледам телевизија. Влегува жената и вели:
“Доста го гледаш тоа дуо!”
“Жено,” – и велам – “тоа не е дуо туку дует.”
“Не бе дуо е, дует е кога двајца се мечуваат.”
“Жено, тоа не е дует, тоа е дуел.”
“Не бе, дуел е каде што возот поминува.”
“Жено, тоа не е дуел, туку тунел.”
“Не бе, тунел е тоа на патиштата за спиење.”
“Жено, тоа на патиштата не е тунел туку мотел.”
“Не, мотел…” – и ја задавив.
Судијата вели замислено:
– Јас ќе ја задавев уште во тунелот.