Три лица инволвирани во насилна семејна тепачка при обична посета на Дизниленд, Невада, сега се соочуваат со низа обвиненија, откако видеото од инцидентот брзо се прошири на Интернет.
35-годишниот Ејвери Робинсон, неговата сестра, 40-годишната Андреа Робинсон и нејзиниот сопруг, 44-годишниот Даман Петри, се обвинети за тепачката што ја предизвикаа во забавниот парк, на почетокот од овој месец.
На вознемирувачкото видео кое го снимија безбедносните камери, се гледа како двајца мажи и две жени започнуваат жестоко да се расправаат, а набрзо по вербалната расправија, започнале да си разменуваат шамари и удари, пред расплаканите деца.
Ејвери Робинсон, мажот облечен во розевата блуза од видеото, е осуден за пет кривични дела за наводното претепување на својата девојка, семејно насилство и напад со оружје, како и загрозување и злопупотреба на децата.
Застрашувачкиот момент бил вистинско изненадување за целото семејство, бидејќи по упатените навреди, Ејвери не само што ја нападнал својата сестра и зетот, туку започнал да ја удира и својата девојка.
За време на инциденот, Ејвери постојано извикувал дека не се плаши вечерва да заврши во затвор.
Во продолжение следува видеото од самиот инцидент:
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!