Маж патува си такси, и ја гледа својата жена како влегува во еден хотел.
Му вели на таксистот:
– Сакаш да заработиш 100 евра?
– Што треба да направам?
– Да ја извлечеш жена ми од хотелот за коса, и да ми ја доведеш мене, еве ти слика!
Таксистот тргнува и по кратко време излегува од хотелот влечејќи една жена за коса, а згора на тоа и ја клоца:
– Еееееј!!! Тоа не е мојата жена!!!
– Не е, не е твојата, оваа е мојата, придржи ја малку, сега се враќам по твојата!