Еден маж ја тужи својата отуѓена сопруга за „секој денар“ што го потрошил на нејзиниот син, откако открил дека 8-годишното момче не е негов син.
Тој ја тужи на Високиот суд откако открил дека татко на детето е некој маж со кој имала афера. На човекот му е забрането да го објавува името на биолошкиот татко на детето.
Тој исто така сака да му се исплати отштета за нанесениот стрес. Сепак судијата одлучил дека на момчето не треба да му се каже што се случува „се додека не дојде вистинскиот момент за тоа.“ Тој вели дека социјалниот работник ќе дава совети и ќе одлучи кога на момчето треба да му бидат дадени информациите.
Судијата ја достави својата одлука со писмена одлука по последната рунда парница на приватни расправи во Семејната дивизија на Високиот суд во Лондон. Тој вели дека никој од вклучените страни не смее да биде именуван во медиумите.
Сопругот и сопругата се расправале околу тоа дали на момчето треба да му се каже кој му е вистинскиот татко. Мажот рекот дека треба да му се каже, а неговата отуѓена сопруга била целосно против вакво нешто. Судијата вели дека човекот бил уништен кога дознал дека тој не е таткото на момчето и започнал „судски спор“, а жената била „полна со каење“.