Според една неодамнешна студија, австралиските мажи живеат подолго од момците во други земји, во Азија, Европа и Северна Америка, со просечен животен век од околу 74 години.
За споредба, американските мажи живеат во просек до 71,5 години. Затоа, грабнете ги тетратките, еве 5 причини зошто австралиските мажи живеат најдолго.
1. Таа е стабилна земја
Работите се добри и тивки во Австралија веќе многу добро време, споделува Колин Пејн, автор на студијата и истражувањето. Споредено со европските земји, немало големи борби за време на двете светски војни на австралиската земја. Обично, стапката на смртност кај новороденчињата за време на воените конфликти е поголема, несоодветниот внес на исхрана за време на детството се истакнува подоцна во животот во однос на здравјето и животниот век.
2. Живот без стрес
Поголемиот дел од Австралијците живеат близу до плажа. Добрата клима го прави животот автоматски помалку стресен. Тоа исто така вклучува активен животен стил луѓето џогираат на плажа, возат велосипед, сурфаат, вежбаат јога, итн. генерално висок животен стандард.
3. Здрава кујна
Изобилство на свежи морски плодови и производи што доаѓаат свежи од фармите, ја оформува австралиската кујна во еден од најздравите и урамнотежени стилови на јадење во светот.
4. Австралијците се луди по спортот
Австралија се смета за земја „луда по спорт“. На Олимпијадата, таа често се наоѓа во првите 5 на табелата за медали, и покрај малиот број на население. Овие победи ги поттикнуваат луѓето да излезат на отворено и да бидат активни, плус времето и океанот во близина се голема предност. Од рагби, до крикет, до фудбал, до сурфање, некои Австралијци велат дека спортот веќе им е во крвта.
5. Вродена цврстина
Некои Австралијци велат дека вистинската причина зошто момците живеат најдолго се нивните ставови – конкретно, нивната вродена цврстина – можеби, заради блискоста со дивата природа. Ако сакате да живеете долго како нив престанете да се жалите, приберете се и бидете одговорни за вашиот сопствен живот, велат тие.