Во 3 часот по полноќ, жената:
– Душо, ми се пие вода…
Мажот станува од креветот, оди во кујната, полни чаша со вода, се враќа, и ја дава на жената, легнува и заспива. По малку, пак:
– Душо, ми се каснува нешто…
Мажот станува, оди во кујната, вади од фрижидерот замрзната пица, ја топли во микробрановата, ја става во чинија, и ја носи на жена си, легнува и заспива. По малку пак:
– Душо, сакам маж…
– Ти луда ли си? Каде да ти најдам маж во 4 наутро?!