На местото на злосторството…
Инспекторот диктира, помошникот запишува:
– Тело на маж, очигледна возраст 40+. Лежи во кујната од семејниот стан. На глава се гледаат траги од удар со тежок метален предмет (тава). Осомничената тврди дека го замолила да ѝ купи таблети за слабеење, но жртвата одбил со образложение дека на нејзина возраст тоа било бесмислено и чисто фрлање на пари, со кои може да си купи пиво. Колега пиши во записникот, ЗАКЛУЧОК, две точки, очигледно самоубиство.

Сподели на Facebook
пати видено