Младо момче заедно со пријателите го посетило водопадот во округот Гариабанд во северна Индија. Тој се искачил на врвот на водопадот, висок над 15 метри. Сѐ што сакал да направи е интересно селфи за социјалните мрежи. Но, не ја земал во предвид опасноста од оваа постапка.
Момчето се лизнало од влажните камења и паднало од водопадот. За среќа успеал да преживее, но ја скршил карлицата и имал и други не толку сериозни повреди. Тој за малку успеал да избегне да повреди и друг човек кој стоел на дното на водопадот.
Локалната полиција ги предупредува луѓето да престанат да прават вакви „опасни по живот селфи фотографии“. Минатиот месец имаше слична случка во Индија која за жал завршила фатално.
Тогаш 35-годишниот Гамјан Кагји сакал да направи селфи на врвот на познатиот Гокак водопад, кој е висок над 50 метри, но се лизнал и за жал не го преживеал падот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!