Арон Андерсон од Шведска објави дека е првиот човек во светот кој успеал да стигне до Јужниот Пол во инвалидска количка. Неговото патешествие траело 21 ден и завршило вчера. Андерсон изминал 640 километри во инвалидска количка на скии. Тој за шведското државно радио кажал дека температурите во просек изнесувале околу минус триесет степени целзиусови и објаснува дека снегот бил тврд, што му го отежнувало движењето.

jp01

Неговота експедиција имала добротворна цел. Тој успеал да собере околу 538 000 долари за борба со канцерогени заболувања кај децата. Андерсон објаснил на својот сајт дека кога имал седум години се разболел од рак во долниот дел на грбот и оттогаш е во инвалидска количка.

jp02

Сподели на Facebook
пати видено