Огорчен човек организирал забава во Венецуела во чест на неговиот најдобар пријател. Но, забавата не оди во правецот во кој очекувале гостите. Тој ја повикува на сцената неговата девојка Далиана Мелеан со која е во врска 2 години и почнува да зборува за неговиот пријател Алберто Собалваро, со кој се дружи веќе 20 години.
Тој пред сите ги приложува доказите за аферата помеѓу неговата девојка и конгресменот Алберто како и скапите подароци со кои ја опсипувал. Тој на крајот од видеото му се „заблагодарува на пријателот“ за „искреното и длабокото пријателство“.