Ова е неверојатната приказна за 38-годишниот Полјак кој тргнал на пат, иако едвај можел да гледа. Неговата цел била да дојде до Хрватска за да го види Јадранското Море за последен пат.
Тој сега едвај гледа, а му дијагностицирале дека наскоро целосно ќе ослепе, но тоа не го спечило да помине 700 километри со велосипед.
Неговото име е Марсин Зарнецки. Никој не би дознал за него и за неговата приказна ако не бил Лукас Лисовски, исто така Полјак, кој го видел на главната станица во Загреб овие денови. Лукас бил во посета на семејство кое живее во Хрватска и истиот ден се дошол во Загреб со воз и го видел Марсин на опасно патување со неговиот ослабен вид.
Лукас видел дека Марсин има полско знаме на велосипедот и решил да го праша сонародникот дали му е потребна помош. Но, тој не ја очекувал неверојатната приказна која му ја кажал Марсин. Снаата на Лукас, Анамарија Томашковиќ, му помогнала на Марсин и му нашла стан да се одмори и ја споделила неговата неверојатна приказна на Фејсбук.
Марсин и објаснил на Анамарија дека страда од ретинопатија. Марсин објаснил дека е роден прерано и бил во инкубатор, и дека тоа е причина за сè и дека лекарите го лечеле погрешно подоцна во животот.
Тој сакал да ги посети Плитвичките езера и бидејќи свири на инструменти желба му било да настапи и пред жителите на Хрватска. Желбите на Марсин почнале да се испонуваат откако повеќе луѓе дознале за неговата приказна. Една туристичка агенција првин го однела до Плитвичките езера, а потоа друга до Јадранското море.
Марсин се зближил со локалното население кое не останало имуно на неговата приказна и дури навивал заедно со нив кога Хрватска играше во финалето на Светското Првенство.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.