Маж им ги загорчи животите на работниците во салон за автомобили во Хебеи провинцијата, Кина. Кога пристигнал во салонот тој им кажал дека сака да си купи Фолксваген Пасат, кој чинел 23.000 евра.
Но, кога дошло време за плаќање сите се фатиле за глава. Мажот во салонот почнал да носи торби, три пати се враќал од продавницата до дома и донел вкупно 66 торби.
Во торбите имало ситни парички и точната сума потребна за да си го купи автомобилот. Пари се пари зарем не? Тим од 17 работници поминале 3 дена во броење на паричките. Прстите на еден од работниците му поцрнеле поради многуте парички кои ги допрел, а другите имаат болки во грбот од положбата во која ги броеле парите.
Мажот поседува мал ресторан и сите монети ги добил од своите клиенти. Тој одлучил да си ги заштеди парите бидејќи нивното депонирање би предизвикало проблеми со банката. Откако 10 години ги собирал монетите во неговиот дом заштедил доволно за нов автомобил.
Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.