Еден државјанин на Јамајка помина скоро три месеци во притвор откако донел три шишиња мед од Карибите, затоа што Американците погрешно ги сфатиле работите.

Леон Хаутон, кој живее во Мериленд 10 години, се вратил да го посети своето семејство во Јамајка за Божиќ. 45-годишникот купил три шишиња мед од омилениот уличен штанд пред да се врати во САД.

Неговото долго искушение започнало на 29 декември кога слетал на меѓународниот аеродром Балтимор-Вашингтон и цариниците имале куче кое ги душкало торбите. Тој претпоставувал дека кучињата го душкале пилешкото од КФЦ што го имал во торбата, но бил изненаден кога агентите ги заплениле трите шишиња мед што го користи за да си го заслади чајот.

Агентите му рекле дека се сомневаале во него дека шверца течен метамфетамин. Тој се онесвестил откако го ставиле во притвор и го одвеле во затвор. Резултатите од лабораторијата од Мериленд пристигнале по две недели и според нив во шишињата имало само мед.

Но, на властите очигледно не им се допаѓало тоа што не биле во право, па решиле да ги испратат шишињата во втора лабораторија во Џорџија, откако првата била оценета како недоволно опремена за анализирање на течностите.

Иако имал зелена карта која му давала легален престој во Соединетите држави, апсењето на Хаутон го започнало и процесот со имиграционо. Неговиот адвокат имал големи потешкотии да контактира со имиграциските власти.

Во меѓувреме тестовите и од втората лабораторија потврдиле дека Леон пренесувал обичен мед. Обвиненијата биле отфрлени и тој бил ослободен на 21 март по 82 дена во притвор. Бидејќи не можел да работи скоро 3 месеци и бил далеку од своите 6 деца тој ги изгубил своите две работни места како чистач и градежен работник.

Сподели на Facebook
пати видено