Износот на кучиња скитници драстично се зголемува во многу земји и Боливија е една од нив. Денес на улиците на Боливија има речиси 2 милиони кучиња скитници, а речиси половина од нив се напуштени миленичиња.
Овој број е огромен, но благодарение на посветени љубители на животни се повеќе и повеќе овие кучиња добиваат храна и засолниште. Фернандо Кушнер, од Ла Паз, е еден од оние луѓе кои се грижат за нив и тој успеа да најде едноставен, но ефикасен начин да ги направи посреќни кучиња без свој дом.
Куче, скитник кое Фернандо го запознал пред 4 години му го свртело вниманието кон големиот проблем
Фернадно бил влијателен бизнисмен од маркетинг секторот и не обрнувал многу внимание на останатите работи околу себе. Но, еден ден излегол од часот по јога и забележал гладно куче на улицата, па решил да му даде парче од неговиот сендвич.
Кучето од благодарност почнало да го лиже и тогаш во неговиот ум работите се смениле. Тоа го поттикнало да се врати и да го нахрани кучето повторно следниот ден. Она што започна како неочекувана средба, целосно го сменило животот на овој бизнисмен: се откажал од успешната кариера како извршен директор и почнал да им помага на животните кои имаат потреба од тоа.
Денес тој храни стотици кучиња на улиците на Ла Паз од утро до мрак
Фернандо ја напушти својата работа, а неговата секојдневна рутина сега се состои од давање храна на гладни кучиња во неговиот град. Секој ден ги посетува истите области и остава храна на истите места, така што кучињата можат да го најдат. Тој прави два круга на ден, проверувајќи дека сите кучиња се хранат. Фернандо е посветен на својата мисија, а тешката работа што ја врши се исплати со сета благодарност што ја добива од неговите крзнени пријатели.
Но, од каде доаѓа оваа храна? Одговорот е едноставен, но генијален
Фернандо го собира поголемиот дел од храната што ја дава на кучињата во кафулињата, рестораните и синџирите за брза храна. Секој ден собира околу 15 големи контејнери, секој од нив држи околу 11 литри пилешки, коски и други вкусни остатоци. Тој исто така купува бисквити за кучиња со свои пари. Секое куче кое Фернандо го храни добива околу 2 килограми остатоци и 0,5 кг бисквити.
Во иднина, Фернандо се надева дека ќе вработи луѓе кои би можеле да му помогнат, сега тој работи најчесто сам, со донациите од рестораните. Тој ги споделува сликите на благодарните кучиња преку профил на Фејсбук, посветен на неговата срдечна мисија.
Покрај хранењето на кучињата, Фернандо е и доброволец во засолниште за кучиња, дури и по 5-5 пати неделно. Тој исто така ги користи своите вештини во маркетингот за да привлече поголемо внимание на луѓето и компаниите за проблемот со бездомни животни.
Со неговите добри дела, Фернандо Кушнер докажува дека не треба да имате многу да дадете многу. Начинот на кој им помага на напуштените животни е прилично едноставен, но се покажа како одличен. Секој од нас може да направи нешто слично во нашите градови и да го направи светот малку подобар за животните и луѓето.