На 60-годишниот Роберт Леибовитц му бил потребен бубрег. Неговата борба започнала откако тој бил дијагностициран со бубрежна болест кога имал само 12 години. Таткото на пет деца, гордо се борел со болеста, но кога наполнил 60 години сфатил дека болеста набргу може да го убие.
Тој веќе четири години чекал донатор на бубрег и бидејќи неговите бубрези биле само 5% функционални, тој не очекувал дека ќе остане жив. Свесен дека неговиот живот ќе заврши, Роберт кој 12 часа неделно е на дијализа за да го продолжи животот, решил да го однесе неговото семејство во Дизниленд, Флорида, како едно последно завршно забавно патување.
Решен да не и потклекне на болеста, Роберт со помош на неговата ќерка направил маица, која ја носел во текот на неговата посета на Дизниленд, со надеж дека ќе успее да најде донатор. На маицата пишувало: „Потребен е бубрег, 0 позитив, јавете се на 917-597-2651.“
Неговата маица привлекла внимание, но никој од туристите не му пристапил. Но, затоа една жена Росио Сандовал, мајка од Монтана, прикачила фотографија од Роберт во неговата маица, како го турка синот во инвалидска количка, на Фејсбук. Таа претпоставила дека бубрегот е за неговиот син и почнала да ги контактира нејзините пријатели на Фејсбук.
Меѓутоа постот на Росио, привлекол големо внимание со 90.000 споделувања и 14.000 лајкови. На Роберт му се јавиле стотици луѓе кои сакале да помогнат. Во текот на следните неколку недели, четири лица заминале за Њујорк за тестирање. Од овие луѓе, три биле одбиени. Но, еден човек бил совршен кандидат.
Ричи Сули, 39-годишен татко на две деца бил витезот кој го спасил Роберт. Ричи вели: „Ако можам да му дадам на овој човек уште 20 години со своите деца, кој тоа не би го сторат како родител или како личност?“ На 18 јануари била направена трансплантацијата, која завршила успешно.
Роберт вели дека кога ќе закрепне од операцијата сака тој и неговото семејство да одат на посета во Дизниленд заедно со донаторот Ричи и неговото семејство.