На шокантните снимки се гледа како маж ја камшикува сопругата 100 пати, поради наводна прељуба и таа се онесвестува пред толпа, која подоцна сексуално ја напаѓа жената и некои од нив се обидуваат да ја силуваат. Преплашената жена виси од дрвото додека нејзиниот сопруг ја камшикува со ремен, во северна Индија.

Група од мажи и момчиња кои стојат во круг околу жената гледаат како таа се онесвестува од болката. Но, ужасот не завршил тука, бидејќи имало пријави дека некои од селаните потоа се обиделе да ја силуваат и ѝ се заканиле дека ќе ја убијат ако ги пријави во полиција.

Суровата казна била донесена откако „селскиот суд“ ја прогласил за виновна бидејќи избегала со нејзиното момче. Според полицијата жената избегала со нејзиниот љубовник во првата недела од март и престојувала со него во куќата на роднина. Нејзиниот сопруг испратул луѓе да ја „убедат“ да се врати дома. Ветувајќи ѝ дека сѐ ѝ е простено и дека можат да почнат од почеток.

Жената била тешко повредена и поднела жалба една недела откако се опоравила. Според нејзинта изјава полицијата поднела обвиненија за насилство против нејзиниот сопруг, поранешниот поглавар на селото и уште пет селани.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено