Двајца мажи биле фатени како злоупотребуваат малолетни девојчиња. Едниот маж ја силувал неговата поќерка, а другиот малолетната сосетка.
Едниот од нив почнал да моли за милост по само 5 камшици од вкупните 100 кои му се „доделени“ за извршување на оваа гнасно дело. По 5-тиот камшик силувачот бил прегледан од лекар, а потоа го чекале уште 95.
Двајцата мажи обвинети за истото злосторство, биле казнети со сто удари од камшик и казна затвор од 5 години во провинцијата Ацех, Индонезија. Додека едниот врескал и молел за милост, другиот ја примил својата казна во тишина.
Камшикувањето според шеријатот е вообичаено за голем број престапи во регионот на врвот на островот Суматра, вклучувајќи и коцкање, пиење алкохол, хомосексуалност или односи надвор од бракот. Таа е единствената покраина во Индонезија која наметнува исламски закон.
Силувачот кој што молел за милост велел дека не може да ја издржи болката после 5-тиот камшик и дека ќе „умре“, но откако лекарите го прегледале заклучиле дека е во „добра форма“ да ги добие останатите 95 удари.
Камшикувањето се одржало на спортски стадион и немало многу луѓе во „публиката“. Доколку лекарите заклучат дека некој не може да го издржи камшикувањето, тогаш казната само се одложува.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!