Кенет Хикс од Винџинија треба да се појави во судницата и да се изјасни за виновен во случај поврзан со дистрибуција на кокаин.
Тој е еден од 7-те луѓе обвинети. Сепак иако останатите 6 биле однесени пред судот, 48-годишниот Кенет има „мал проблем“.
Тој тежи околу 400 килограми и повеќе не може да излезе од приколката во која живее, а исто така не може ниту да стане од креветот, ниту пак да се облече за на суд.
Затоа судијата наредил неколку единици вклучвајќи ја и пожарната да одат кај Кенет и да го изнесат од приколката така што ќе исечат еден од ѕидовите, како и неколку дрвја кои се пречка на патот. Кенет бил изнесен на големи носила бидејќи инвалидската количка не била опција за него.
Сепак, иако ќе биде прогласен за виновен Кенет нема да оди во затвор поради неговата здравствена состојба, туку ќе заврши во медицинска установа.