Група на полигамни љубовници го креваат превезот од нивната неконвенционална врска во видео кое цели кон тоа да опише како изгледа да се има повеќе љубовни партнери. Џош, Сара и Алиса живеат под еден покрив во „полисемејство“. Мери Ешли, нивната најнова девојка, е исто така дел од дружбата, но живее одвоено.

Тие опишуваат како се запознале, раскажуваат за реакциите на нивните семејства и пријателите и како се справуваат со љубомората. Џош објаснува: „И Сара и Јас веќе бевме секој во своја отворена врска кога се запознавме и се забавувавме околу три месеци. Тоа беше сосема јавно, секој знаеше за тоа.“ Четворката, седејќи заедно, држејќи се за раце и допирајќи си ги нозете, не насмевнуваат еден на друг и раскажуваат како завршиле заедно.

pa01

„Се забавуваме со други девојки и потоа ја запознавме Алиса. На неа ѝ се допаднавме и двајцата и тоа природно заврши во многуљубовна врска“, продолжува Џош. „Потоа се запознавме со Мери Ешли, која се претстави себеси како полиаморна и тоа веројатно беше еден од ретките моменти кога не морав да објаснувам што значи тоа.“

Сара којашто била првата девојка на Џош кога се запознале, додава: „Од самиот почеток, започнавме да си собираме убави девојки по пат. И можам ли да се пожалам?“

pa02

Тие велат дека со љубомората се справуваат многу полесно кога знаат дека нивниот партнер се гледа со повеќе луѓе. „Штом ги изземете моногамните очекувања, исчезнуваат сите овие мали проблеми кои прават браковите да се распаѓаат. Штом ќе сфатите дека приказната од бајките не е единствената приказна за вас, тогаш се отвораат многу светови пред вас. Проблемите се јавуваат со чувството дека поседувате некого.“

pa03

Но, и покрај хармоничниот живот кој го живеат, нивните роднини не секогаш го одобруваат нивниот избор.

„Моето семејство на ова повеќе гледа како на ментална болест отколку како на врска“, вели Сара. Џош пак се соочува со проблемот да стекне пријатели поради начинот на кој живее. „Вообичаено велат: Супер е тоа што го правиш, но јас никогаш не би го правел тоа. И тогаш престануваат да се дружат.“

Тие се надеваат дека нивниот „позитивен пример ќе придонесе за општествено прифаќање на ваквиот вид на љубовни врски.“ Како и да се случи, овој Џош си ја наредил работата.

Сподели на Facebook
пати видено