Паул Гонзалес од Калифорнија често ги посетувал американските веб страни за запознавање Plenty of Fish и Bumble. 45-годишниот маж таму разговарал со жени и ги канел на ручек или вечера. Дамите се надевале на романтична вечера, но всушност станувале жртви на неговата измама.
Гонзалес ги канел жените во скапи ресторани и порачувал скапи јадења и пијалоци. Откако ќе завршел со јадењето им кажувал на жените дека ќе оди до тоалет и повеќе не се враќал. Жените морале сами да ги плаќаат големите сметки направени во ресторанот.
Се верува дека Паул измамил од 10 до 18 жени и ги оштетил за вкупна сума од скоро 1.000 долари. Откако поголем број од жените го пријавиле во полиција, „кавалерот“ добил 4 месеци затворска казна и забрана од 3 години за посета на веб страни за запознавање.
Една од неговите жртви, Карол Мередит (десно) изјавила дека Паул „знаел што да каже“ и на тој начин ја убедил да излезе со него. Додека Дајана Гулимете (лево) кажала дека поради Паул морала сама да плати сметка од 170 долари во ресторан.
Во описот на неговиот профил на страниците за запознавање стоело: „Јас сум многу забавен, позитивен, и авантурист. Сакам спорт, музика, спортови на вода и патувања и јадења, како и да испробувам нови работи. Барам некој кој е многу авантуристички настроен со кој ќе создавам многу спомени и насмевки.“