Маж од Калифорнија бил уапсен од страна на полицијата откако бил обвинет дека демне жена цели 12 години.
Според жената 29-годишниот маж бил изреволтиран откако таа пред многу години му кажала да ја покрие устата додека кашла, за време на час во средно училиште.
Метју Крингл имал направено голем број на лажни Фејсбук профили кои ги користел да ѝ се заканува на поранешната соученичка и да ѝ испраќа сексуално експлицитни фотографии.
Тој веќе еднаш бил уапсен поради демнење на истата жена пред неколку години, но очигледно затворот не го предомислил да престане. Тој моментално е во притвор без право на кауција.
„Ова се првите празници во деценијата во кои жената ќе може да ужива без да се грижи што ќе направи нејзиниот демнач. Таа не треба да живее во страв.“, изјавил полицаецот Тим Дахал.
Полицијата успеала да пронајде најголем дел од профилите на Метју преку кои психички ја вознемирувал жената и работат на тоа да откријат дали демнел и други жени, бидејќи работи во компанија за превоз на патници, каде што имал увид во личните податоци на луѓето.
Метју се соочува со обвиненија за демнење, демнење под забрана за доближување, демнење по претходно осудување за прекршокот и за вршење на криминални закани.