„Првиот научник на Шкотска“, „Изгубениот гениј“, „Шкотскиот волшебник“, „Белиот волшебник“ или „Волшебникот од север“ се некои од термините кои што се користат за опишување на Мајкл Скот. И покрај тоа што овој шкотски волшебник бил познат како „најстрашен и најмоќен“ волшебник и алхемичар од 13-тиот век, неговата „психомагија“ не служела само за да ја забавува елитата во Европа, туку со текот на времето станала и модерна дисциплина, позната како психологија и хипноза.
Роден во 1175 година во Дамфрис, Дамфрис-Шире, Шкотска, тој бил син на Мајкл Сер Лорд скот и Маргарет Белавери. Овој вечен патник и полиглот студирал математика, филозофија, теологија и астрологија во катедралните училишта во Дурам и Оксфорд, пред да ги посети големите центри за учење и кралските дворови ширум Европа.
Скот бил толку легендарен што бил споменат и во Божествената комедија на Данте, во осмиот круг од пеколот, „резервиран за волшебници, астролози и лажни пророци кои тврдеа дека можат да ја видат иднината кога, всушност, не можат“. Можат да се најдат приказни за него како тој разделувал ридови и планини или пак бркал вештерки, но има многу малку податоци за човекот зад „магијата“.
Модерните магионичари како што се Дејвид Блејн и Крис Рок развија „магичен бренд“ кој алудира дека тие влегуваат во „друг свет“ или друга димензија и нивните изведби се претставени како „хипер-духовност“. Скот бил прататко на овој вид на магија. Тој ја проучувал астрологијата за предвидување на идните настани користејќи пресметки врз основа на планетарните и ѕвездените тела и нивниот однос кон Земјата и теологијата, бидејќи сакал да ги спои науката и религијата за да стане „волшебник“.
Зад затворени врати Мајкл посветил речиси три децении за да ги научи науките на човечката природа, внатрешното функционирање на умот и механиката на невидливите сили на универзумот, како што се магнетизмот и законите за привлечност и одбивност во металургијата и човечките интеракции.
Кога заминал од Универзитетот Оксфорд, Скот ги посетил Париз и Болоња, тој се сместил во Универзитетот во Неапол и потоа во медицинското училиште во Салерно. Во 1217, тој живеел во шпанскиот град Толедо, чиј универзитет бил познат поради тоа што ги негувал окултните науки. Во Париз, Скот бил познат по неговата моќ да решава сложени математички проблеми и станал познат како „Мајк Математикус“. Но некаде по пристигнувањето во Толедо тој повторно се брендирал како еден од водечките европски алхемиски волшебници.
Во Италија Скот имал познат ученик, Леонардо Фибоначи авторот на Книга на Абакус, првата европска книга која го употребила симболот / бројот „0“ за да претставува нула. Книгата посветена на Скот ја содржела и познатата Фибоначиева низа, низа на броеви во која збирот на двата претходни бореви ја дава вредноста на наредниот број (т.е член на низата).
Скот исто така знаел повеќе јазици и преведувал книги од познати автори, како што е Аристотел. Кога Скот имал околу 50 години, неговите преводи стигнале до највисоките нивоа на општеството и бил повикан од царот Фредерик Втори да присуствува во неговиот двор во Палермо во Кралството Сицилија. Во 13 век во Палермо „вриело“ од волшебници, илузионисти и гуруа од целиот свет, кои таму учеле нови техники и ги претставувале за големи суми. Кога Скот пристигнал во царскиот двор, хроничарите го забележале неговиот необичен „фустан“, бидејќи не бил украсен на шпански начин, туку како костим на арапски мудрец: Широка наметка, со појас на половината и шилеста капа, типичен волшебник.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.