Неопходноста е мајка на пронајдокот и умните глави од правата половина на XX век направиле сѐ што е во нивните раце за да го променат животот на обичните граѓани. Изберете што би пробале од оваа листа, ние сигурно не би ја одбиле пастата за заби со вкус на виски…
Масажер за гради, 1930 година
Медицината вели „да“! Можете да ги задржите градите во иста состојба, дури и по породувањето. Еве едно сериозно и едноставно решение за овој проблем. Сите жени сега едноставно мора да си купат масажер за градите.
Паста за заби со вкус на виски
Производителите на паста за заби нуделе уживање во орална хигиена наместо избегнување. Изберете: скоч или бурбон.
Направа за создавање дупчиња на образите, 1936 година
Не знаеме дали е болно или не, главната работа е да се отстрани оваа работа од лицето кога ќе дојдат гости.
Изолатор, 1925 година
„Авторот на машината го спроведува своето истражување благодарение на изолаторот. Шумот од надвор се апсорбира од уредот, и работникот може целосно да се концентрира на предметот на проучувањето.“
Уред за креирање на јајца со квадратен облик
Ако одеднаш сакате да направите квадрат од обични јајца, ова е нешто што ќе ви треба. Патем, не може да се каже дека пронајдокот не се вкоренил, бидејќи сè уште може да се купи во онлајн продавници.
Микрометар на убавината, 1937 година
Нанесувајте шминка според науката!
Ледена маска против мамурлак, 1947 година
Маската од Макс Фактор ветувала на жените дека ќе уживаат во пријатното ладење и подобрувањето на бојата на кожата.
Револвер кој фотографира пред да пука, 1938 година
Ова е буквално начин да се опфатат „последните моменти“ од нечиј живот.
Штитник за прстите
Овој штитник од најлон бил наменет за жените чие што работно место налагало постојано да зборуваат на телефон, како на пример секретарки. Прстите уморни, маникирот расипан – и еве го решението!
Машина за плашење на глувци
Уредот со облик на глава на мачка мјаукал и така наводно ги плашел глувците.
Автомат за сончање, 1930 година
За само 10 центи дама можела да се покрие со тен директно на улица!