На маркетинг директор од Нов Зеланд му било соопштено дека ќе заврши како технолошки вишок и на последниот состанок му било кажано дека може да си донесе некоја блиска личност како емоционална поддршка. Мажот, австралиски државјанин, решил тој да биде последниот кој ќе се смее и во канцеларијата на одборот влегол со кловн.
Платениот забавувач за време на уредувањето на договорите правел животни од балони бидејќи така му било кажано. Исто така откако документите за технолошки вишок биле потпишани кловнот почнал да прави тажни фаци и глумел дека плаче.
Од FCB агенцијата не сакале да коментираат за настанот, но велат дека имало инцидент со кловн, кој ги „преплашил“ вработените. Џошуа Џек, поранешен маркетинг директор во агенцијата исто така си пронашол нова работа во конкурентска фирма. Браво за него.