На поранешниот македонски професионален кошаркар и поранешен селектор на машката кошаркарска репрезентација на Македонија, моментален тренер и стратег на КК Работнички,  Марин Докузовски деновиве му беше врачена необична благодарност за неговиот придонес во развојот на кошарката за користење на моќта на грлото за унапредување на разбирањето за потребите на кошарката и поттикнување на младите генерации да го засакаат овој комплексен спорт.

Признанието за неговиот придонес му е врачено од Септолете Тотал, брендот кој ги охрабрува сите поединци да ја користат моќта на своето грло и да мотивираат, инспирираат, поттикнуваат, поддржуваат и да создаваат поволен амбиент за напредок и за развој на позитивни практики во различни сфери од животот.

„Горд сум на ова признание токму затоа што не доаѓа од еснафот, од струката, туку од некој што ги препознал моите човечки квалитети и кој ме охрабрува и натаму да бидам човекот на кој кошарката, но и ова општество може да смета и во иднина. Но, ова признание не ми припаѓа само на мене туку и на моите играчи, колеги и соработници со кои го градев мојот кредибилитет, се усовршував и се надградував. Му благодарам на Септолете Тотал што го препознаа моето залагање, страста и посветеноста со која ја работам мојата работа и ја користам моќта на своето грло за да придонесам кон што помасовно инволвирање на младите во овој спорт“ – изјави Марин Докузовски, видно насмеан и задоволен од  признанието.

Таткото на македонската кошарка, како што го нарекуваат Докузовски, активно го практикува овој спорт од 1978 до 1989 година во Југословенската лига, настапувајќи во Работнички, Готекс и Алумина. По завршувањето на играчката кариера, Докузовски застанува на младинската клупа на Работнички.

Главен тренер е на Работнички, а во МЗТ Аеродром во 2000 година е поставен како шеф на стручниот штаб. Меѓународна кариера ја започнува во бугарски Лукоил Академик како помошник тренер, а подоцна и главен тренер. Докузовски ја води македонската кошаркарска репрезентација, а Македонија завршува на третото место во групата Д за квалификациите за Европското првенство во 2001 година. По осум години пауза, тој повторно е назначен за селектор на Кошаркарската Репрезентација на Македонија и за време на Евробаскетот 2011 ја предводи репрезентацијата до четвртото место на турнирот. Денес е тренер и стратег на КК Работнички и се уште ужива во кошарката е сé што е поврзано со неа.

dsc_3906-web

„Системски набљудувано, да создадете врвен играч е тежок и долготраен процес, земајќи в предвид дека секое младо дете што доаѓа на теренот носи со себе одредена култура, социјален амбиент, семејство, образование и други детерминирачки животни околности и физички предиспозиции. А додека тоа дете стане играч со голем потенцијал и продуктивна ориентација, треба многу труд, работа, упорност и многу залагање на целиот тим. Се надевам дека мојот придонес, мојата љубов и страст ќе посади никулци во секој играч кој на каков било начин сум го допрел. Се надевам дека во текот на мојата кариера култивирав добри играчи и добри луѓе што се корисни членови на тимот и корисни и квалитетни поединци во локалната заедница“ – додава Докузовски.

Кошарката е мултидисциплинарно подрачје, што бара сплет на знаења, вештини и достигнувања во различни области. Во функционална смисла, спаѓа во високоинтензивните спортови, но е и многу истакнат и видлив социјален феномен. Денес е трета најпрофитабилна дејност во светот што бара многу откажувања и врвни знаења и инвестиции,но и усогласувања на социо-психолошкиот аспект со  антрополошките димензии на овој спорт.Токму затоа Докузовски со својот исклучителен придонес во насока на јакнење на капацитетите за развој на кошарката, пред сé преку својот личен пример, а подоцна и како тренер и како селектор, поттикнувајќи залагање, влевајќи доверба и промовирајќи вистински вредности ја заслужи титулата на исклучително вреден поединец што ја користи моќта на своето грло за повозвишени цели.

Сподели на Facebook
пати видено