Екатерина Стетсјук, модел од Русија, го скршила грбот кога скокнала од шестиот кат на хотел во Дубаи, за да избега од бизнисмен од САД кој сакал да ја силува и да ја убие. 22-годишната девојка од источен Сибир, одбила да има секс со маж кој наводно ѝ ставил нож под вратот. Сепак неименуваниот маж тврди дека девојката го нападнала него и сега Екатерина е „во притвор“ иако сѐ уште е во болнички кревет.
Исто така имало непотврдени обвинувања дека девојката работела како ескорт во Дубаи. Овие тврдења ги одрекува мајката на Екатерина, која вели дека нејзината ќерка била присилувана да има односи со мажот и затоа скокнала од шестиот кат на хотелот, кој сѐ уште не е откриен на јавноста.
Екатерина од болничкиот кревет ѝ се јавила на нејзината мајка за да ѝ каде дека е добро и дека ја посетиле луѓето од конзулатот.
„Нападот се случил на трети март. Маж, странец ја нападнал Катја, ја фатил за вратот и ставил нож на нејзиното грло. Мојата ќерка се обидувала да си го спаси животот, таа морала да скокне од шестиот кат. Таа има сериозни повреди и не може да оди. А вчера Катја се јави и кажа дека ќе ја носат во затвор. Сакаат да направат таа да биде виновна.“, изјавила мајката на Екатерина.
Американецот имал свој бизнис во Дубаи и тој тврди дека сѐ што направил го направил во самоодбрана.
Мајката на девојката била советувана од рускиот конзулат во Дубаи да не ја споделува приказната со медиумите, но кога нејзината ќерка ѝ кажала дека ќе заврши во затвор, таа повеќе не знаела кому да верува и решила да ја каже вистината пред светот.
Девојката заминала за Дубаи на 15 февруари, затоа што имала склучено договор да работи како модел таму, еден месец. Екатерина сега ја очекува нејзината операција, а докторите веруваат дека ќе може повторно да оди. Нејзината мајка наскоро ќе отпатува за Дуаби за да биде со нејзината ќерка.