Ќерката и се жали на мајка си:
– Мамо, треба да се разделам со дечко ми.
– Зошто, душо?
– Мислам дека тој е алкохоличар!
– Зошто мислиш така ќерко?
– Вчера танцувавме валцер, тој се наведна кон мене и ми се чинеше дека имаше шише во џебот од панталоните.
– Колкаво беше шишето?
– Па, мислам дека беше околу 0,7 литри.
– Ќерко, омажи се за тој човек! Јас цел живот го терам со едно стограмско шишенце…