4-годишниот Алекс Џонсон неколку дена пред да тргне во градинка ѝ кажувал на својата мајка дека е многу возбуден и дека едвај чека да оди.
Но, веднаш штом стапнал во автобусот се предомислил и почнал да плаче. Момчето не можело да се смири, а неговата мајка се плашела дека тој ден нема да успее да дојде до градинката.
Тука на сцената настапила Изабела Лејн, возачот на автобусот. Таа решила да го утеши малото момче, така што го ставила да седи веднаш зад неа го држела за рака пред да тргнат му објаснувала колку ќе му е интересно во градинка и го охрабрувала дека на крајот се ќе биде добро.
Иако Изи вели дека не се чувствува како да направила нешто „големо“ луѓето, па дури и полицискиот оддел на Аугуста ја фалат за нејзината добронамерност. Разговоро со Изи многу му помогнал на малиот Алекс и тој веќе наредниот ден сам го чекал автобусот, се качил насмеан и повторно сакал да разговара со Изи за да ѝ раскаже како му поминуваат деновите во градинка.
Можеби ова е само мал гест, но со вакви искажувања на добрина можеме да разубавиме нечиј ден, па и да им ја смениме перспективата за животот.