Си било еднаш едно дете кое се подготвувало да дојде на свет. Еден ден го прашало Господ: -“Господе, ми рекоа дека утре ќе ме испратиш во Светот, но јас сум толку мал и немоќен, како ќе живеам таму?”
Бог му одговори:
“Од сите ангели, еден одбрав само за тебе. Тој ќе те чека и штити. Секој ден ќе ти пее и ќе ти се насмевнува. Така ти ќе ја почувствуваш неговата Љубов и ќе бидеш среќен.”
“Добро, како ќе ги разбирам кога ќе ми кажуваат нешто, кога не го знам нивниот јазик?”- запраша детето.
“Ангелот ќе ти ги кажува најубавите и најслатки зборови кои можеш да ги слушнеш во светот и внимателно и со Љубов ќе те научи да зборуваш.”
“Слушнав дека на Земјата има многу лоши луѓе, кој ќе ме штити?” – загрижено продолжи детето.
Господ се насмевна и му рече:
“Твојот ангел секогаш ќе те заштитува, па било тоа и по цена на неговиот живот.”
Детето го погледна Господ и молчеливо рече:
“Но, јас сум многу тажен што не ќе можам повторно да те видам.”
“Твојот ангел секогаш ќе ти зборува за мене и ќе ти ги кажува патеките кои те водат до мене.”
Тогаш во рајот настана тишина и гласовите од Земјата допреа до него. Детето сфати дека треба да оди па го постави последното прашање:
“Господине, ако сега морам да одам, Те молам, кажи ми како се вика мојот ангел”
Господ одговори со голема насмевка:
“Не е важно како се вика, ти ќе го викаш МАМА”.