Две-месечно бебе и неговиот постар 6-годишен брат биле оставени од нивната мајка пред црква во Ханои, Виентам. Жената му кажала на постариот син да ја чекаат пред црквата додека таа точи бензин и повеќе не се вратила. Жителите останале во шок кога забележале мало бебе во гајба за пиво и 6-годишно момче кое плаче до него.
Според момчето тие до црквата стигнале со мајка им, која ги возела на мотор и застанала да стави бензин во бензинската од спротивната страна од улицата околу 5 часот наутро, но не се вратила.
Луѓето се јавиле во полиција и сега властите се трудат да ги пронајдат родителите на децата. Нху Гок од локална хуманитарна организација изјавил: „Се надеваме дека донатори ќе можат да му помогнат на бебето. Тоа е моментално во болница. Не знаеме како некој можел да ги остави вака. Постоел голем ризик некој да ги киднапира децата и да ги продаде додека се во ваква ранлива положба.“
Полицијата се надева дека наскоро случајот ќе се расчисти и дека браќата нема да се разделат.