За повеќето луѓе Древниот Египет е составен од величествените пирамиди, мумии и мистериозната Сфинга. Но предмети и документи, откриени за време на ископувањата, покажуваат дека жителите на земјата на фараоните одамна измислиле и направиле голем дел од некои вообичаени и навидум ситни предмети кои ги користиме во денешниот живот: пенкало и мастило, високите потпетици и лизгачки врати.
Така на пример, древните Египќани често страдале од забоболка. За ова бил виновен песокот, кој заедно со храната постојано го внесувале во устата. Токму во древен Египет биле создадени првите забни пломби. Тие биле изработени од смола, која ја мешале со прав од малахит – камен, кој поседува антисептички својства.
Исто така, древноегипетските стоматолози измислиле и пастата за заби. Првично таа се состоела од пемза, пепел и оцет, но иако ги чистела забите, оваа смеса исто така ги оштетувала. Според пишаните текстови кои се чуват и денес се препорачувало забите да се мијат наутро и навечер. Првично пастата се насесувала со прстите, а подоцна тие ја измислиле и четката за заби. Таа личела многу на модерната четка за заби, едниот ден и бил остар како чепкалка за заби а другиот тврда четка.
Со текот на времето составот на пастата за заби се менувал и станувал корисен. Во музејот во Виена има древен египетски папирус на кој се напишани состојките за чистење и избелување на забите. Пастата се состоела од сол, нане, пипер и исушени цветови на ирис. Кога ќе се споел со плунката овој прав се претворал во паста. Интересно е тоа што современите лекари дури неодамна ги откриле лековитите својства на ирисот за зајакнување на непцата.
Исто така, за прв пат во историјата на човештвото, древните жители во долината на Нил користеле мастики за освежување на здивот. Таа се состоела од смола, цимет и мед. Во тие времиња лошиот здив од устата бил негативен социјален знак и не само затоа што е непријатен за околината. Тој бил сметан за знак на сиромаштија, бидејќи покажувал дека соодветниот човек немал доволно средства за да се грижи за себе.
Древните Египќани не се првите луѓе кои почнале да се бричат. Археолозите откриле дека уште пред 100 илјади години неандерталците користеле наострени камења за отстранување на влакната. Но Древните Египќани се првите кои се бричеле редовно. Тоа го правеле и мажите и жените. Тие го бричеле лицето и главата. Ова се должи на многу причини. Недостатокот на коса помагал во заштитата против вошки и кожни болести.
Војниците не се грижеле дека непријателот ќе ги фати за коса. Важна улога играле и верските причини – древните Египќани верувале дека кога се бричат ќе станат чисти пред боговите. Покрај тоа, право да носат брада имале само фараонот и неговите блиски, иако овие бради биле вештачки. Интересно е тоа што познатата жена-фараон Хатшепсут, која владеела во XV век п.н.е., за време на официјалните церемонии исто така носела вештачка брада.
Додека другите народи користеле камени стругалки за отстранување на влакна, древните Египќани измислиле жилет, кој го правеле од бакар или бронза, во форма на полумесечина. Но кога се работи за отстранувањето на влакна, најинтересна е женската депилација. Уште од IV милениум п.н.е. египетските жени почнале да ги депилираат влакната на нозете. Тие ги ставале нозете во топла вода а потоа ги кубеле влакната со специјални пинцети. Секако постапката била многу болна.
Впрочем, една од кралиците на Антички Египет (едни извори посочуваат Нефертити, други – Клеопатра) пронашла метод на депилација, кој е сличен на современиот. Густа маса од мед, восок и растителен сок се нанесувале врз нозете и откако ќе се стврдне, се одлепува заедно со влакната. Всушност голем дел од овие пронајдоци потсетуваат на современите.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.