Екокапсулите, дизајн на Фините Архитекти од Братислава, на секого му ветуваат живот без да се поврзува на било каква мрежа во текот на целата година. Куќичките се опремени со соларни панели, подвижна ветерна турбина и систем за собирање на дождовната вода. Внатре има мала кујна опремена со протечна вода, тоалет и туш кабина.
„Екокапсулата е погодна за широк спектар на примени“, пишуваат дизајнерите, „како на пример, може да послужи како истражувачка станица, туристичка колиба, сместување во итни ситуации или хуманитарна станица.“
Заинтересираните ќе можат да си нарачаат една во 2015, а испораката ќе биде возможна во првата половина на 2016 година.