Иако ова изгледа како сцена од филм за деца, фотографијата е реална и зад неа се крие нешто многу посурово од тоа.
Мартин Ле-Меј, хоби фотограф од Лондон ги снимил овие фотографии на кои се гледа беспоштедната борба на живот и смрт помеѓу овие фотографии.
Како што раскажува, се шетал низ паркот со неговата сопруга кога слушнале и виделе како се разгорува борбата. Кога птицата пролетала крај нив, ја виделе ласицата на нејзиниот грб и тогаш ги снимил фотографиите. Ласиците многу сакаат да ги ограбуваат гнездата, но оваа ласица се намерачила на самиот клукајдрвец, но неуспешно. „Клукајдрвецот си го спаси животот, а ласицата исчезна гладна во тревата.“