Штета е да се трошат ресурси на топлина во Африка. Малата компанија GoSol произведува пекари кои работат исклучиво на сончева енергија. Иновативноста е во тоа што тие наместо класични сончеви панели користат огледала кои ги фокусираат во една точка и така се загрева печката дури и до 300 степени. Голема улога во загревањето на печката имаат и високите надворешни температури, се разбира. Со вакви печки во Кенија почнаа да никнуваат мали бизниси, од пекари, до фирми за производство на путер од кикиритки.