Бад Калдвел од Фон Ду Лак, Висконсин секојдневно вози до блискиот парк и посетува клупа во спомен на неговата почината сопруга Бети. Тоа го прави секој ден, без оглед на тоа какво е времето.

Неодамнешната снежна бура му создаде многу маки на Калдвел кој досега не пропуштил ниту еден ден да не ѝ оддаде почит на сопругата. Дебелиот снежен слој го попречи да пријде до клупата кадешто секој ден остава една маргаритка и една паричка и на својата сопруга ѝ раскажува како му поминал денот. За среќа, одржувачите на паркот го забележале Калдвел како беспомошно седи во неговата кола, и сториле нешто неверојатно.

сн1

Зграбиле неколку лопати и ја исчистиле патеката за Калдвел да може да го изврши својот секојдневен почесен ритуал. Ете тоа е човечност на дело!

сн2

Сподели на Facebook
пати видено