Ги надгледува еден директор на наша фирма за производство на столарија своите вработени и прашува еден од нив:
– Ти колку столови можеш да направиш за еден ден?
– Два директоре.
– Само два?!? Па јас можам да направам барем 10!
– Секако дека можете директоре, кога вие сте столар, а јас магистер по економски науки.