Турско ропство. Султан отишол во едно македонско анче и си порачал чкембе чорба, бидејќи никогаш порано не јадел. Бил многу задоволен и уште следниот ден отишол со неговите 22-ца готвачи.
– Сакам да ги научиш моите готвачи да прават исто ваква чкембе чорба! – рекол султанот.
– Нема проблем. – рекол готвачот и им покажал како се прави.
Поминале месец-два, султанот повторно дошол во анчето.
– Абе, каур, чкембето не е исто!
– Не е можно. Доведи ми ги готвачите пак. Сите готвачи дошле и македонскиот мајстор почнува да ги испрашува:
– Толку ли млеко ставате?
– Толку…
– Толку ли чкембе ставате?
– Да…
– Толку ли време го правите?
– Да…
– Толку ли зачини ставате?
– Да…
– А го миете ли чкембето?
– Да…
– Е па таму ви е грешката!