Како струмички тракторист врти на кружен тек?

Изгледа левак е човекот, па таа страна му е позгодна :).

Чудо на патот Прилеп – Кривогаштани: Камион без возач?!

Чудото вози во рикверц и навистина ќе те замисли во прв момент.

Современи шумарски техники во Берово

Да се надеваме дека наскоро младите и амбициозни шумарски инженери (клик тука) ќе ги решат ваквите несовесни уништувачи на приордата.

Жив графит во Битола

Браво за идејата и за реализацијата!

Малиот Никола сам си гледал видеа на Јутуб и си научил англиски

Точно си ја сфатило детето смислата :).

Објаснување на тоалетот во еден локал во новиот пазар во Битола

Очигледно некој мака видел со чистењето, па решил да воведе рестрикции :).

Петар Демиров ги фати крадците во домот на камера, среде бел ден во 3 часот попладне

„Вчера во 15 часот додека не бевме дома, овие двајца крадци влегле и провериле сѐ барајќи злато и пари. За среќа ништо не недостасува, но фактот што успеале да му го исклучат алармот покажува дека се професионалци. Камерата што ја имав скриено во спалната ги сними нивните лица, па полицијата лесно ќе ги пронајде“ – вели сопственикот.

Европско Унијо држи се, доаѓаме!

Поздрав од кочанската депонија!

Сликовница за деца!? Мајката го испратила малиот Петре во шумата по дрва и погодете што му ставила во торбичката?

Да се запраша човек контролира ли некој нешто во оваа држава? Веројатно има некој надлежен за ова, затоа што ние институции имаме за сѐ, само ниту една не си ја врши работата.

Автобус на Авто-Атом Кочани, по најновиот европски стандард „Еуро 5“

Со ваков автобус се стигнува одвај до Скопје, а Европа е далеку :).

Поздрав од Бугарија за Македонија

Бугарскиот чичко дрмнал некоја ракија повеќе и со една изворна македонска песна реши да го поздрави целиот македонски народ.

Моментот кога Симон Стојков откри дека во кафичите во Кочани одат вистински дами

Погледнете што се случува во женскиот тоалет, но на своја одговорност! Да не биде после не сме ви кажале :).

Како вчера во Македонија се гласаше на референдумот за промена на името?

Со секири и патриотска музика… :).

Современа македонска романтика: Никита ја изненади Јелена со возење во авион, без таа да насети што ѝ подготвил

Ги организирал сите роднини и пријатели долу на земја, а тој си ја заврши работата горе во облаците :).

И Македонија има своја „Металика“: Vinyl Bandits од Прилеп воодушевија со песната „Сенка“

Текстот и музиката се дело на вокалистот Александар Бошкоски, а останатите членови на бендот се Илија Чакароски – гитара, Давид Ангелески – бас, Христијан Јованоски- тапани (на видео), Александар Стеваноски – тапани, Андријана Дукоска – виолончело (гостин). За спотот да изгледа онака како што изгледа својот талент го вложија и актерите од екипата “Војдан Чернодрински”.

Како од Скопје се гледа крстот на Водно преку неверојатниот зум на Nikon P1000

Чудово е идеално за шпиунажа, додека над Скопје не надвиснале маглите.

Мачорот на Борче Илиоски фатен на дело како срка рибина чорба

Како им се натрвил, да не снима Борче може ќе замези и од рипчињата :).

Англичаните го прогласиле YUGO за најлош автомобил во светот? Како па да не!

Си пијам кафе и читам весник и гледам наслов: „Англичаните го прогласија YUGO за најлош автомобил во светот“, а во образложувањето наведуваат дека тоа е затоа што не можат да пијат чај во YUGO, без да се насипат.

Слушнете ја насловната песна за филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи! Ремек дело на Горан Трајкоски од Анастасија!

Песната се вика „Расеани“ и го погаѓа Македонецот директно во срцето. „Како желки на автопатот сме заскитани“, вели авторот меѓу другото. Песната во најмала рака е рамо до рамо со албумот „Пред дождот“, а тексот ја издига дури и едно ниво погоре.

Во меѓувреме во Македонија: Кога наместо темјан ќе ја згрешиш билката

На попот му се погоди песната, а очигледно му се погодила и државата.

Типично кумановска реакција, кога помалиот брат ќе те разбуди со финта што ја видел од хорор филм

Да не избегаше толку брзо ќе добиеше и некоја влечка од ЧИК Куманово по глава :).

Некој ги излажал туристите во Охрид дека вака се пие текила на англиски начин

Солта се шмрка, па се пие текилата на екс, а потоа лимонот си го ставаш во око. И тие го прифатија предизвикот. Ајде сега сите на очно :).

Кога самодовербата ти е поголема од шансите да фатиш женска… Толку многу заводнички потези, а толку малку време

Видеото е исечок од снимањето на најновата рекламна кампања на Неотел „Толку брз“, кога актерот Кирил Трајковски – Максим влезе во филм. Повеќе информации и целата реклама на следниот линк.

Ова е човекот кој ќе не извади од калта! Запознајте го новиот ПРЕМИЕР-ГУВЕРНЕР на Македонија!

На шега човекот погоди што ѝ фали на Македонија. Новооснована партија ВМРО-Социјалдемократски Сојуз Леви и Десни Сили, што би му дошло нешто како ВМРО-СДС-ЛДС. Со други зборови, на Македонскиот народ му треба лидер кој ќе го обедини.

Наградната игра на Мотика продолжува! Добитник на мобилен телефон за месец август е Ване Донев

Голема благодарност до сите оние што ни испратија смешни фотографии и видеа. Ова се најпопуларните 10+1 за месец август 2018. Наградната игра продолжува и наредните месеци. Само кликнете на плусот десно долу и испрате ја вашата слика или видео.

После Латвиецот Курц, денес ни доаѓа и Американката Меркел :)

После ова тешко дека некој друг странец ќе се осмели да дојде во официјална посета на Македонија.

Македонка преку интернет си резервирала сместување во Грција, а наместо тоа добила навреди и сопственикот ја условил да признае дека Македонија е грчка

Иако добрососедските односи помеѓу Грција и Македонија се главна тема во изминатиот период во политиката, очигледно е дека сме далеку од какво било решение. Наместо тоа македонските туристи се соочуваат со уште поголеми проблеми. Македонката, Тамара, била „жртва“ на еден ваков „добрососедски“ кога од неа, од личноста која раководи со вилата во која го платила […]

Кога играш против Вардар во Скопје, најважно ти е резилот да не биде голем!

Најубавиот момент за сите љубители на ракометот во Македонија, од вчерашниот натпревар на Вардар со Железничар во СЕХА лигата. Капитенот на крајот на тајмаутот им вели: „Ајде, не се подобри од нас за 10 разлика!“

Изреволтиран охриѓанец снима како се однесуваат македонските туристи во Охрид

Иако од видеото не се гледа најдобро, сепак ќе ви ги цитираме зборовите на авторот: „Ова се прилепски мајмуни на фајронт. Не мора да се од Прилеп или од Куманово, што со шишиња прво фрлаа по гости во дискотека, можит да се скопјани, кавадарчани. Со вакви туристи услугата ви е беспрекорна, таксистиве нека ве „колат“ […]

Девојка со гајда на прославата на празникот Св. Богородица во црквата во Ѓавато, Битолско

Да се види современа македонска девојка со гајда е вистинска реткост и заслужува секоја почит. Уживајте во изведбата!

+