Дејан Крстевски ќе ви покаже како се плива во снег

Меракот е голем кога после толку суви зими, конечно ќе видиме малку повеќе снег.

Лудак со стара Буба, на снежните улици во Кочани

Кочанчани како снег да не виделе долго време :). Растурија со видеа овој период.

И штипјани му го најдоа лекот на снегот!

Така треба, само напред! ЕУ држи се, доаѓаме!

Кочански чалам дрифта на снегот во центарот на градот, а казната стигна експресно брзо

Конечно дојде време и ние да ја пофалиме македонската полиција за брзата реакција :).

Како кочанските мафијаши си го поминуваат викендот?

Кога старата кола не ти пали поради студот, пак има начин да бидеш во центарот на вниманието.

Винички гастарбајтер во Италија и неговата девојка се умориле од работа и заспале во BMW-то паркирано надвор од градот

Наидоа двајца кочанчани и решија да ги разбудат гулапчињата на смешен начин.

Погодете што горат моите комшии?

На некои луѓе отсекогаш не им било гајле за загадувањето на воздухот што го дишеме, но кога ситуацијата е алармантна, мора да се внимава.

Ова не е ски патеката на Попова Шапка, ова е автопатот Гостивар-Тетово!

Резил на неколку сантиметри снег. За ова ли плаќаме даноци?

Властите на општина Василево знаат како да се справат со снегот! Крупна сол од тракторот му е мајката!

Додека имаме трактори и вакви вредни работници, немаме гајле од снегот. Може да врне колку сака! Автор: Наце Митев

На Џејмс Харден не му даваат плата…

Овој како од Гевгелија да е по потекло, евентуално од Валандово :).

Најновата кочанска иновација: Машина за сузбивање на мразот и снегот на патиштата

Иновацијата е дело на општинските власти во Кочани, во соработка со јавното комунално претпријатие.

Кочанчанец ги снима смешните паѓања на своите сограѓани на една црна точка на тротоарот

Нема човек да помина а да не тресне на снегот :).

Во Битола на -20: Кога излегуваш надвор како да отвораш врата од фрижидер

А во позадина битолски машки муабети за загревање, да не мислат многу на студот :).

Македонска работа: Кога го мразиш шефот од дното на душата, а не смееш да му го кажеш тоа во очи

Колегите го фатија на дело и го снимија. Може ли да препознае некој во кој град е ова?

Ритко Мемедов продолжува да им гази по нервите на битолчани имитирајќи ги американските јутуб дебили

Некои „шеги“ му се толку невкусни што не можат ниту да се наречат шеги, а прашање на време е кога ќе му направи шега на некој повлакнест, па конечно да направи хит видео :).

Некој во Студентскиот дом Кузман во Скопје решил да сними нискобуџетен еротски филм, ама го фатија на дело

Ни воајерите не се тоа што беа порано. Благодарение на технологијата и „креативноста“ оставаат телефоните да им ја завршат работата.

Мавање непознати луѓе со снежни топки во центарот на Битола

Ова малку ги премина границите на обична шега, ги искршија луѓето :). Автор: Сашо Митрев

Дедото Бугарин ги учи македонските колеги да зборуваат бугарски

Бугарскиот сам по себе е смешен, а дедото го прави уште посмешен.

Имаш дозвола што седиш тука на плоштадот во Битола?

Така само почна видеото, а она што го направи понатаму не ви го раскажуваме за да не ви го расипеме изненадувањето.

Кочански Шеик на новогодишната забава во еден локален ресторан

Наместо Нова Година да ви личи како да сте отишле на свадба, може и вака :).

Во цел свет Дедо Мраз лета со санката, само охридскиот нурка

Необична новогодишна честитка од длабочините на охридското езеро.

Швалерка – Рики The Best и Екстра Мони

Ако некој ги знае авторите на песнава, под итно да каже кои се, да ги испратиме на Евровизија. Вака барем ќе имаме некаква шанса да победиме со изненадување.

Европска Унијо, отворај врати ДОАЃАМЕ!!!

Песната „Деспасито“ никогаш не звучела помакедонски!

Колку брза е брзата помош во Куманово?

Благодарение на совесните возачи и беспрекорната инфраструктура на градот, брзата помош стигнува на време, само да не даде Господ да ти затреба.

Малото детенце си најде нов најдобар другар на плоштадот во Скопје

Колку ли само си мисли дека куклата е жива… Позитив на денот!

Ексклузивна снимка од бегството на Грујо

Бидејќи властите велат не знаеле како можел да ја напушти државата, нашиот редовен посетител Борче Илов го сними бегството и ни го испрати видеото.

Конечно некој собра храброст да ја каже вистината за бегството на Груевски

Дејан Петровски ќе ви објасни што се случило и што ветил Груевски за да добие азил.

Петелот на Стефан мрази провокации

Секогаш е многу лут и ако некој се обиде да го задева, веднаш скока на ќотек.

Прочистување на воздухот во село Ропотово, Прилеп, на кое и скопјани може да му подзавидат

Во нашата држава има закони, само никој не ги почитува! Повелете на коментари!

Жител на струшкото село Пискупштина го фати на дело вандалот кој му ги бушел гумите на двата автомобили

Типично македонска работа! Откако неколку пати му ги избушиле гумите, Сашо поставил безбедносна камера и го фати натрапникот на дело. Кој друг ако не првиот комшија, кој би требало да ти биде поблизок и од брат.

+