Еве што ќе се случеше доколку Лејди Гага и Бредли Купер беа од Битола

Песната е убава и без битолскиот превод, ама тоа ѝ дава посебем шарм :).

Навистина се познава дека се намалила возраста во дигитализацијата

Никој во целата редакција на вестите не слушнал за алгоритам?

Во меѓувреме во Скопје… Никогаш не е доцна да научиш нешто новo!

Ова е пример и за упорност и за другарство! Никогаш не се откажувајте, кога имате поддршка од најдобриот другар, колку и да ви се смеат другите и да ве снимаат :).

Брз кеш – песна на струшкиот рапер Дики, во која ќе се пронајдат огромен број млади луѓе во Македонија

Струшкиот Трап артист Дики е 3 години на Македонскава сцена, но професионалната кариера ја започна оваа година, откако потпиша договор со ТНТ Продукција. Слушнете го што има да ви каже за начинот на живот по кој копнее македонската младина.

Вака изгледаат македонските современи херои: Возач на ЈСП му помага на хендикепиран патник да влезе во автобусот

Поради паркирано моторно возило на постојката каде што по правило треба да застане автобусот, истиот не можел да се паркира до тротоарот и да се отвори потребната рампа за хендикепираните личности полесно да се симнат или влезат. Затоа, возачот-херој работата ја превземал во свои раце и на хендикепираниот патник лично му овозможил полесно да се […]

Нов патент на македонскиот премиер: Сидро кое ги влече бродовите напред

Заев, грешка си! Не е само Стево Пендаровски сидро, цела политичка сцена во Македонија е само сидро до сидро!

ГугАл почнал да разбира и винички дијалект

Гугл мора да сфати дека Македонците сакаат да знаат какво е времето во Италија и дали ќе започне сезоната на копање на лозјата. Погледнете му ја само фацата кога Гугл му даде резултат. Како ЦИА да ја хакирал :). Автор: Никола Бегов Бекчето

Кумановски шофер на сервис го објаснува дефектот на камионот: Фиуфиуфиуфиу…

Што може да е работава, знае ли некој?

Паљачо од Битола е новиот и најсериозен неофицијален независен кандидат за Претседател на Македонија

Наместо предизборни програми и ветувања, човекот сѐ си кажал во оваа 10-минутна песна.

Го пронајдовме најголемиот фраер меѓу мачињата во Македонија

Пјотр живее во Куманово, само лошо друштво фатил, не му даваат ни да запали една, а му се пуши, му се плаче.

Реакција на еден беровски гејмер на новата МАКЕДОНСКА хорор видео игра „Wounded“

Предупредување: Гејмерот пцуе бетер од Србин :). „Wounded“ e прва македонска хорор игра, развиена од скопското студио „Workbench Entertainment“. Играта можете да ја најдете на „Steam“(), а повеќе инфо може да прочитате тука. Автор: Рок Букушовски

Слушнете го одговорот на Александра Јанева! Нејзината прва авторска песна исполнета со многу емоции

На неполн месец од промовирањето на последниот сингл „Срце отвори“ поп-пејачката Александра Јанева денес објави уште една нова песна која ќе ги освои срцата на публиката. Текстот на песната „Одговор“ е на Александра, а зад музиката се потпишуваат заедно со Тино Стојановски.

Што прават Македонците во Канада, кога ќе се вратат од работа?

После напорното ринење пари со лопата од улица, ред е и малку да се опушти човек.

Во меѓувреме во Гостиварско: „Дај Баба, дај!“

Моментот кога возачот сфати дека неговиот автомобил е далеку од џип и нервозно нагази до даска. Што беше тоа што летна?

Погодете кое е омиленото јадење на кучето на велешанецот Мартин?

Кучето одвај чека да се запролети, па Мартин да излезе на сладолед да го изведе и него на прошетка :).

„Нешто ќе те питам бабо“: Некст Тајм повторно ја освоија публиката со преработка на патриотска песна

По успехот на „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“, Мартин и Стефан од „Некст Тајм“ повторно ги освоија симпатиите на публиката со моќниот спот и преработка на старата македонска песна „Нешто ќе те питам бабо“. Погледнете го спотот кој буди бура на емоции.

Се вклучуваме во живо од журката на Зелено пазарче! Атмосферата е опасно добра!

Играњето е подеднакво здраво како и зеленчукот, единствената разлика е што тоа може да го добиете бесплатно. Дневна доза позитивна енергија!

Кратко интервју со еден бојкотирач на следните претседателски избори

Повелете на коментари во врска со ставот на бојкотирачот. Гледа ли некој излез од калта во која сме заглавени долго време?

Лекција по престигнување во населено место од полицајците од Македонска Каменица

Мора да ви покажат како да НЕ правите :).

Лејди Гага и Бредли Купер, слушајте Пале да ви одржи една лекција по пеење!

Девојката се вика Пале Зврцинова, а има талент каков што добар дел од естрадата може само да посака.

Мајката е горда на својата ќерка затоа што имала многу следбеници на Инстаграм и ја подржува да става уште вакви слики

Вредностите во светот потполно се изместија за време на оваа технолошка транзиција. Со тек на време луѓето ќе се свестат, но ќе мора уште многу години да се смееме на вакви мајки и ќерки, за да се освестат сите и да сфатат дека ова не е нешто за фалење.

Чичко Кире од село Белица Кичевско, живее во приказните, заедно со неговото срнче Бамби

Селото Белица, се наоѓа на околу 20 километри од градот Кичево и има помалку од 100 жители. Но, фактот дека селото е мало не ги спречува жителите секојдневно да споделуваат видеа и фотографии од нивните убавини. Чичко Кире е еден од жителите, кој има прилично необично милениче, на кое би му завидувале многу луѓе.

Македонски начин на играње пинг-понг во тројки

„Бидејќи обичен пинг-понг е малку досадно, решивме да го кренеме нивото на играње!“ – Вели авторот на видеото Бојан Игновски.

Две струмичанки фатени на дело како крадат производи од локален супермаркет

Изгледа дека виделе дека супермаркетот има камери и продавачките освен што работат на каса, следат што се случува и на камерите. На крај ги натераа да си платат сѐ.

Современа битолска пародија на една позната приказна за Крали Марко

Дајте им шанса, добри се! Инаку во видеото само глумат прилепчани, заради темата.

Ретро македонски хумор: Го паметите ли Ранко Рангелов?

Вака изгледаа почетоците на стенд ап комедијата во Македонија.

Македонецот од Австралија Александар „Велики“ Волкановски ќе се бори со шампионот Хозе Алдо и е на пат да стане новата светска ММА ѕвезда

Откако во мај го разби поранешниот шампион Чед Мендез во декември, најнова вест е што за мај е договорен мечот за шампионската титула со UFC легендата Хозе Алдо во Бразил.

Чистокрвен македонски папагал!

Растура малиот на „Што имала к’смет Стамена“ :).

Капење во Велешко езеро додека зимата сѐ уште трае

Претходните денови личеа на пролет, па овој млад велешанец се осмели да се искапе во езерото за поголема слава на интернет. Вели дека вредело, што мислите вие?

8-ми март на гевгелиски начин

На дечково ни Еди Марфи не му е рамен во трансформациите :).

+