Позитив на денот: Малата Ивана од Кичево ќе ви ја отпее „Нешто ќе те питам бабо“

Ивана има само 3 годинки, а веќе е гордост на мама и тато. Уживајте во изведбата!

Моментот кога кај Пик Сегед попуштија нервите, затоа што беше јасно дека Вардар оди понатаму, па сакаа физички да се пресметаат

Поради политиката многумина од нас не следеа, па ова беше еден од најинтересните моменти од натпреварот Вардар – Пик Сегед, кога на домаќините им попуштија нервите затоа што беше јасно дека Вардар оди понатаму.

Не може во Скопје да дува толку ветер, колку што ние можеме да загадиме!

Прашањето е: Кој дозволи на ваква парна машина да ѝ се закачат регистарски таблички?! Функционира ли нешто во оваа држава?!

Првата електрична Опел Астра во Кочани! Спиеш ли мирно Илон Маск?

Тесла конечно си доби здрава конкуренција, а што е најјако, оваа нашата е многу лесна за полнење, со продолжен кабел.

Гевгелиски превод на пораката од Лени Кравиц до Македонците по повод концертот

Преводот е дело на нашиот пријател, кој го знаете под псевдонимот Диверзија.

Како Лени Кравиц си помина во Старата скопска чаршија?

Еве зошто Лени Кравиц е еден од најголемите музичари на денешницата. Затоа што иако е ѕвезда, не лета во облаците, туку шета меѓу обичните луѓе и седнува да отсвири нешто заедно со двете деца на камениот мост што заработуваат пари со тарабуката.

Нова туристичка атракција во Охрид: Тепачки со кајчињата!

Најголемо богатство на Охрид не е Охридското Езеро, туку охриѓани. Туристички атракции колку сакаш! Извор: Македонски Весник

Кога внуката ќе отиде на гости на село кај баба и дедо! Само во нашата мила Македонија!

Детето не очекуваше проблеми од ваков тип, а потегот со враќањето на цуцлата коментирајте го вие.

Ритко Мемедов стана шампион на Баиро во пливање

Како што веќе знаете, Баиро во Битола е како Шутка во Скопје, населбите познати по тоа што од властите добиваат најмногу ветувања пред избори.

Супермен оди за Радовиш ама не го знае патот

Страта и добра финта секогаш е смешна. Автор на видеото: Стојанче Здравков

Фатени на дело со нула совест: Фрлање ѓубре во реката Луда Мара во Кавадарци

Баталете националност, простотилак и асоцијалност е во прашање! Европо држи се, доаѓаме!

Другарот го носи дома Блажо од Кавадарци, кој на време почнал со празнувањето

Изгледа многу јајца изел, па му се слошило :).

Нема екипа во светот која може да го победи Вардар, кога натпреварот ќе се отвори со комитска песна во изведба на Next Time и Комитите

Момците од Next Time напишаа: „Само во нашата мајка Македонија може да има вакви грла, публика и срца. Ние ќе го памтиме ова цел живот, чест и ежење е да се пее за Вардар!!!“

Двајца квадарчани откопаа вистинско богатство под рушевините во едно градилиште (ВИДЕО)

Според нивните зборови, некој бездушник намерно го закопал. Не само што го спасија туку и си го бендисаа и решија да го посвојат. Кученцето било под земја 24 часа и успеало да преживее. Така Среќко го доби своето име и своето ново семејство.

Легендарен одговор на прашањето: Дали сте аплицирале од сега за ИПАРД фондови?

Како што е ред на интернет, легендата си доби и свој ремикс :). Автор: Стефан Шеќерман

Го пронајдовме идниот идеален кандидат за премиер на Македонија!

Човекот е генијалец, а авторот на видеото се обидува да го заглави со трик прашања за главните градови на државите во светот, но и за брза математика.

Руски турист во Битола спречува кражба на Широксокак

Туристот го видел крадецот како ги украл парите од касата, додека продавачката гледала на друга страна и не се откажува додека не го натера да ги врати. За помош во вакви ситуации туристот си носи и лут спреј. Благодарност до Филип Капо

Како помина гласањето за претседателските избори во дијаспората, на единственото избирачко место во Падборг, Данска?

Во многу фер и демократска атмосфера, гласачите го остварија своето право, загарантирано со уставот на Републлика Македонија.

Малата Ева Спасиќ од Куманово е родена за да биде глумица

Позитив на денот! Оригинал Петранка Костадинова :).

Како македонските работници во Хрватска сушат алишта?

Пред да се залетате да отидете да работите во странство, не е лошо прво да прашате некој патилец, кој искусил како живеат работниците во странство. Еве ви информација од прва рака од Хрватска.

Како македонските градежници држат чекор со светот? Ова е главната задача на Кнауф Академијата, која се одржа по 25-ти пат во Струга

За цврсти квалитетни градби потребни ни се стабилни „темели“. Кнауф Академијата веќе 25 се грижи градежништвото во Македонија да им одговара на сите светски стандарди и да се движи кон иднината и иновациите кои ги носи таа. 

Не берат сите Македонци грозје во Италија, Тони на пример е магионичар

Тони ќе ви направи неколку одлични трикови со свеќи, какви што прави на неговите многубројни настапи во Италија.

Професионален крадец на саксии од Прилеп

Тоа што објектот е под видео надзор, не е некаков проблем за ваков професионалец.

„Крик и прашина”: Бидете дел од концертната промоција на новиот албум на Сашко Костов

Сашко Костов со концертна промоција на неговиот нов и 5-ти по ред соло албум „Крик и прашина” Промоцијата ке се одржи на 20-ти април – Сабота во МКЦ, со почеток од 21:30 часот.

Македонка со моќен глас ја пее „Распукала Шар Планина“ над Караниколички езера на 2469 метри надморска висина

Дефинитивно еден од најквалитетните вокали во Македонија. Девојката се вика Зарина Првасевда, а пораката што сака да ја испрати со песната е следнава: „По повод веста за најмалку 600 хектари запалена, исечена или оштетена шума на Шар Планина а дополнително колку многу штета нанесена на природата со пожарите што дивееја насекаде низ државава, со загадувања […]

Вака ќе изгледаше Мајкл Џексон ако се родеше во Македонија

Македонскиот Мајкл Џексон одбрал соодветна локација за песната посветена на планетата Земја.

17-годишната струмичанка Славица Ангелова блесна на бугарското талент шоу „The Voice“

Во недостаток на македонски талент шоуа, нашите таленти своите 5 минути ги бараат кај комшиите, а квалитет отсекогаш сме имале и за извоз. Браво за Славица, овоа стискање на црвеното копче ја однесе во следната фаза, ѝ посакуваме многу успех.

Мотика во ги претставува Петар Џексон – Македонскиот Mајкл Џексон!

Одамна се нема појавено ваков талент на нашето поднебје. Уживајте во магијата што ја прави ;).

Вистински вредности – краткометражен филм на група млади струмичани кој мора да го видите!

Секоја чест што младите луѓе го сфатиле ова. Држава со ваква младина не мора да се грижи за својата иднина! Нивната порака е: „Не мора да станеш успешен човек, подобро стани човек со Вистински Вредности.“

Американци во македонска кафана се расположија на Лепа Брена

Никој до сега не играл валцер на Лепа Брена, но кога прв пат во животот ќе искомбинираш ракија и шопска, сѐ е можно :). Автор: Билјана

+