Сакале ние или не, мораме да признајме дека Касандра како лик во нашата понова историја има остаено еден добар белег. Кога Касандра ќе играше на времето, дури траше серијата од 7 до 8 надвор се слушаше само реката, да се повредиш немаше кој да те спаси. Денот се планираше околу времето на серијата, а важеше поговорката како за Бадник „Кај и да си во 7 за Касандра дома да си“, па дури памтам баба ми сато го навиваше према Касандра, ко ќе почнеше Касандра таја го местеше 7, многу доверба имаше во неа, ако ѓупка.