Општо познато е дека секоја година се повеќе и повеќе Македонци си заминуваат во странство. Најчестите дестинации во странство каде што можат да се сретнат голем број на Македонци се Австрија и Германија. Но, што ако сакате да одите во некоја од овие држави и имате желба да се дружите со „некој свој“? Како ќе ги најдете? Верувале или не ова е прилично лесно и нема потреба од Интерпол. Македончето во странство се забележува на неколку километри. Ова се 5 „симптоми“ на Македонец во странство: