Македонски навивач на Хрватска + Гајба пиво + Ракитич (пенал)

Цела Македонија (со мали исклучоци) навива за Хрватска, затоа што со Хрватите се почитуваме како народи. Еве како се прославуваше победата.

Македонец ја научил црнкињата како да си побара основна работа

Кога бевме деца се клоцавме по писки, ова некако звучи забегано :).

Наградната игра на Мотика продолжува! Добитник на мобилен телефон за месец јуни е Никола Коленц

Голема благодарност до сите оние што ни испратија смешни фотографии и видеа. Ова се најпопуларните 15 за месец јуни 2018. Наградната игра продолжува и наредните месеци. Само кликнете на плусот десно долу и испрате ја вашата слика или видео. #1 МЕСТО: Никола Коленц Сликата ја виделе 39402 луѓе Бившиот дечко ѝ пишува на Ана во […]

Две мајки и домаќинки од Кавадарци си прават муабет за заедничките швалери

Ова е прв пат во 12 и пол години постоење, некој да ни испрати ваков муабет, кој буквално остава без зборови. Кликајте на своја одговорност!

„Ако му е глата скината, уште жива е!“ Битолскиот скротувач на змии не се плаши од ништо!

Смешна ситуација на улица во битола, со скротувачот на змии во главната улога.

Актуелната политичка ситуација во Македонија преку стенд ап комедијата на Никола од приказните

Никола Тодороски повторно е освежи со својот хумор после двата хита „Охридското Деспасито“ и „Патните трошоци“.

И кучето на Стефан знае што се јаде летно време

И кучето на Стефан знае што се јаде летно време

Бидејќи не замолија видеото да оди без звук, исклучете го звукот пред да го пуштите ;).

Дарко ги учи Американците од Чикаго да зборуваат кавадаречки

Убаво ти доаѓа на душичката кога група млади Американци, неоптоварени од политичките глупости, ќе речат „Македонија те сакаме“, на твојот мајчин јазик.

Уште еден африканец се помакедончи, дури одбра и политичка страна :)

Ако не ги научиме прво да пцујат, нема како да ја попримат нашата култура. А плус и многу е смешно кога странец пцуе на твојот мајчин јазик.

Делчевскиот Колумбиец во Алјаска

Колегите студенти од Делчево го научиле само основата на делчевскиот дијалект, за да може да си прави муабет со нив во друштво :).

Споулавена прскалка во дворот на Општина Охрид

И ти да гледаш градот како ти се полни скопјанишча, а згора на тоа и паркингот гратис им го даваш, и ти ќе споулавиш :).

Кога на македонски матурант ќе му „легне“ песната

Легнува и тој и тоа под маса :).

Како кумановец се враќа дома од Америка?

Тргнал за село Стрезовце, малку го зрешил патот, но снаодлив е, брзо му текнува.

Дневна доза современа македонска музика: ФИН Проект – Дај некој благослов

ФИН Проект, фина мирна музика, со жесток ритам од старата драм енд бејс школа. А текстот мрак. Уживајте!

Реалното секојдневие на еден Битолчанец

Уште едно искрено видео за тоа каков е животот на младите луѓе во нашата сакана Македонија.

Кога ти е најтешко, комшијата е тука да помогне СО КЛЕШТАТА (Некаде во Македонија)

Што ќе фрлаш пари за стоматолог, кога уште од времето на Итар Пејо лекот е познат :).

Битолчанец на плажа

Авантурата почнува со дилемата дали да плаќа лежалка од 3 евра, па односот со жената итн итн. Автор на видеото е Дамјан Гугучевски.

Малта – нова македонска хит песна со провокативно видео и уште попровокативен текст

Повелете на коментари за ставовите на младите Македонци.

Ване Филиповски е паметен и си ја врзал косилката со јаже

Дури на крај на видеото ќе ви стане јасно зошто ја врзал :).

Охридскиот советник Ристе си доби и песна со наслов „Што доколку платиме?“

Советникот кој вчера расправаше зошто е добро Охриѓани да почнат да плаќаат паркинг (клик тука) и онаму каде што до сега не се плаќало, е на пат да стане ѕвезда на интернет.

Како граѓаните ќе заштедат ако паркингот почне да се плаќа? Само македонските политичари го знаат одговорот!

Охридски локален медиум побара објаснување од еден од членовите на советот на општината кои кренале рака за паркингот да почне да се наплаќа.

Бидејќи очигледно некому не му е јасно, луѓето од целиот свет ќе му кажат како се викаме

Благодарност до Дејан Симоновски кој ни го испрати видеото. Автор на видеото е Игор Панов.

Како се крадат кајсии на Кочански начин?

Пред македонскиот гениј и боговите молчат!

21 век. Јавна здравствена установа „Здравствен Дом“ – Прилеп. Дојде животот.

Изгледа преку покривот дошол животот :).

Македонското ниво на култура преку еден прост пример

Што ќе ти е пепељара кога и така го мразиш комшијата под тебе?

Одлепено чевларско оро на свадба во Кавадарци

Од многу еуфорија и радост за самата веселба, човеков не одолеал да се фати на оро иако знае дека чевлите му се одлепени.

Црнецот кој во Италија рабоотел со Македонци се претворил во вистински Македонец

Слушнете го само што вели за парите и за ракијата и ќе го препознаете Македонецот во него :).

Крадец на велосипед снимен на камера во Аеродром. Кој го препознае нека го пријави!

Видеото ни го испрати сопственикот на украдениот велосипед кој за вакви случаи си имал поставено камера во ходникот.

Битолски начин на реновирање на станот

Зошто да се мачиш по скалите кога ѓубрето секако треба да оди во еден правец…

Како течат преговорите за името? Мотика има екстра свежи и ексклузивни информации за вас!

Му се ближи ли крајот на бесмислениот спор и какви се шансите Македонија да излезе како победник од ситуација во која се наоѓа, оценете сами.

+