Жена му телефонира на својот маж на 14 февруари и хистерично почнува да вика:
– Каде си бе говедо едно!?
– Смири се, душо – одговара мажот со смирен тон – се сеќаваш ли на онаа продавница во центарот, во која ти се допадна дијамантскиот прстен?
Жената експресно брзо се смирува и со променет и весел глас одговара:
– Да, миличок, се сеќавам.
– Епа, јас сум во кафаната од другата страна и со другарите го празнуваме Свети Трифун.